Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири. Станува збор за друг кривично-правен настан, каде што владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници, информираат од обвинителството за Телма.
Обвинителстовото го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога обивнителстовто за органзиран криминал отвори истрага за Зекири, и уште двајца хрватски државјани, исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.
Во меѓувреме, скопска апелација му го продолжи домашниот притвор за нови 30 дена.