
На Платото пред Офицерскиот дом во Битола, во рамките на програмата на „БИТ ФЕСТ“, пред битолската публика настапи култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.
Повод за овој концерт беше промоцијата на новото ЦД на групата „МИЗАР“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музичка сцена.
Концертот, беше вистинска можност да се види „МИЗАР“ во целиот свој сјај.