На брдото на Капри воведена зона за задолжително бакнување

Италијанците се сметаат за најголеми љубовници на светот, а дури и ако тоа не е 100 проценти точно, би требало да им се честита на романтиката. Една од последните причини за тоа е потегот на градските власти на Анакапри на популарниот остров Капри.

На иницијатива на 23-годишниот Симоне Акампоре, општината на брдото над градот, познато како Видиковец на сонувачите, поставила табла на која пишува “Романтична зона, бакнувањето е задолжително”.

Ова место често го посетуваат туристи и се наоѓа при дното на црвениот светилник, а на врвот на скалите сега наоѓа и знак кој прикажува две лица кои се бакнуваат.

Ова, инаку, не е единствен случај со “задолжително бакнување” во Италија. Една од првите општини која го вовела тоа “правило” е Трентинара во Чиленто, која уште пред неколку години на тераса на која има прекрасен поглед поставила знак, на кој се гледаат Изабела и Саул, ликови од легендарна приказна сместени токму во Трентирана, кој повикува на бакнување.

Идејата да се постави знакот на кој пишува “Kiss please” му припаѓа на Микели Данијели.

И во регионот Лацио постои место на кое „мора задолжително” да се бакнете. Се наоѓа на островот Лира, на кој уметникот Гвидо Габриеле поставил знак за задолжително бакнување.