Навивачи на Шкупи претепале Швеѓани на Бит пазар

На 09.08.2022 околу 18.45 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на плоштад на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле во врска со натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија и ФК АИК.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и се преземаат мерки за расчистување на случајот.НЉ ГбИТ