Велосипедист тешко повреден откако автомобил му го пресекол патот

Во средата околу 11,10 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од улиците „Гоце Делчев“ со „Никола Петров Русински“, 80-годишниот М.Ќ.  од Охрид паднал на коловозот со велосипед, откако патничко возило му го пресекло правецот на движење, информира МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.