
Во септември почнуваат квалификациите за ЕП 2016-та, а Македонија првиот меч го игра како гостин против Шпанија.
Селекторот на „Црвената фурија“ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот квалификациски меч против Македонија, кој ќе се одигра на 8-ми септември во Валенсија.
Како што е познато, Чави и Алонсо се откажаа од националниот дрес, па нив ги нема на овој список, како и дефанзивецот Жерар Пике. Првпат повик во националниот тим добија голманот на Еспањол, Касилја, дефанзивецот Сан Хозе и напаѓачите Раул Гарсија и Пако Алкасер.
Селекторот Дел Боске се одлучи за овие 23-ца фудбалери.
ГОЛМАНИ: Касиљас (Реал М), Де Хеа (Манчестер Ј.), Касиља (Еспањол).
ОДБРАНА: Рамос (Реал М.), Карвахал (Реал М.), Хуафран (Атлетико М), Сан Хозе (Атлетик Б.), Албиол (Наполи), Бартра (Барселона), Жорди Алба (Барселона), Азпиликуета (Челзи).
СРЕДЕН РЕД: Бускетс (Барселона), Казорла (Арсенал), Фабрегас (Челзи), Итураспе (Атлетик Б.), Педро (Барселона), Иско (Реал М.), Силва (Манчестер С.), Иниеста (Барселона), Коке (Атлетико М.).
НАПАД: Гарсија (Атлетико М.), Диего Коста (Челзи), Алкасер (Валенсија).
Со оглед на тоа дека се појавија информации дека поради повреда напаѓачот на Челзи Диего Коста ќе паузира шест недели, можно е тој да не биде во можност да настапи на мечот против Македонија на 8-ми септември. Сепак, засега сето тоа е неофицијално.
Инаку, пред квалификацискиот меч против Македонија, Шпанија на 4-ти септември ќе одигра пријателски меч против Франција.