
Тим американски астрономи пронајде планета надвор од сончевиот систем, од нашата одалечена 7,3 милиони светлосни години и на која врне дожд.
Новооткриената планета „WISE J0855-0714″ е поголема од Јупитер дури 10 пати. На неа температурите се сибирски – од минус 48 до минус 13 Целзијусови степени. Дождовната планета ја „откри” телескоп долг 6,5 метри наречен Магелан.
Ова е прв пат надвор од сончевиот систем да се откријат дождовни облаци, кои во иднина би можеле да обезбедат опкружување за можен живот на човечкиот вид.