
Кина забележала повеќе од 2.400 заразени со Covid-19, што е најголем број по повеќе од три месеца, објави во неделата тамошната Национална здравствена комисија, што е најголемата бројка од 12-ти мај.
Четвртина на новозаразените не покажуваат симптоми, според кинеските здравствени власти.
Кина и натаму спроведува политика на нулта стапка на Covid-19, со масовно тестирање по регистрирање на жариште и воведување на целосно „затворање“.
Мерките го држеа вирусот под контрола од втората половина на 2020 година, но стратегијата е под прашање во случајот на високо заразната варијанта на омикрон.
Редовните „затворања“ ја парализираа втората најголема светска економија и предизвикаа остар пад особено во секторот домашен туризам. Десетици илјади туристи се блокирани на јужниот кинески остров Хаинан кој моментално има најголем број заразени со Covid-19 во земјата.