Реал тргна со победа во одбраната на титулата во Примера

Фудбалерите на мадридски Реал во одбрана на титулата во шпанското првенство ја започна со гостинската победа од 2:1 кај Алмерија, со пресврт во второто полувраме.

Алмерија поведе уште во 6 минута од натпреварот, а стрелец беше Ларги Рамазани. Речиси цел час домашниот голман Фернандо Мартинез Рубие правеше чуда и ја спасуваше својата мрежа, но во 61 минута конечно успеа да го совлада Лукас Васкез, кој одбиената топка од десетина метри ја испрати во мрежата. Во 75 минута откако Лука Модриќ, кој во игра влезе во вториот дел, избори слободен удар на 20-ина метри од противничкиот гол, Карло Анчелоти го стави во игра Давид Алаба, а австрискиот репрезентативец од слободниот удар и првиот контакт со топката го погоди горниот лев агол за победа на шпанскиот и европски првак.

Фудбалерите на Валенсија со домашната победа од 1:0 над Гирона ја започнаа новата сезона во Примера, иако последните 40 минути од дуелот ги одиграа со играч помалку. Валенсија до победничкиот погодок дојде на крајот од првото полувреме, кога Карлос Солер реализираше пенал. Во седмата минута од продолжението беше исклучен домашниот брек Ераи Комерт, но Гирона не успеа да ја искористи бројната предност.

Во првиот дуел од неделната програма Реал Сосиедад, исто така, со минималните 1:0 славеше на гостувањето кај Кадиз. Погодокот кој донесе три бода го постигна Јапонецот Такефуса Кубо во 74 минута. Реал Сосиедад во текот на целиот натпревар доминираше и поконкретно напаѓаше и заслужено дојде до победата.

Последните три натпревара од првото коло од новото шпански првенство се играат во понеделник кога се среќаваат Атлетик Билбао – Мајорка во 17,30 часот, Хетафе – Атлетико Мадрид во 18,30 и Бетис – Елче во 21,30 часот.