Шолц е против укинување на визите за Русите во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин нема да ja поддржи идејата на неколку европски земји кои повикуваат ЕУ да престане да издаваат туристички визи за руските граѓани, пишува Н1. Земјите кои ја поддржуваат таквата забрана велат дека Русите не треба да можат да летуваат во Европа додека Москва е во војна во Украина.

Финска и Данска сакаат одлука на ЕУ, а некои земји од ЕУ кои граничат со Русија повеќе не им издаваат визи на Русите.

– Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Путин и мораме да бидеме многу јасни во врска со тоа – рече Шолц.

На прес-конференцијата на маргините на еднодневната средба на петте нордиски лидери во Осло, Шолц рече дека е важно да се разбере дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.

– Сите одлуки што ги носиме во рамките на ЕУ не треба да го отежнуваат патот до слободата, напуштањето на земјата – рече Шолц.

Прашањето за визите се очекува да биде покренато на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август.

Финската премиерка Сана Марин, која ја поддржува забраната, рече дека тоа е прашање за кое „треба да се разговара“.

– Не е во прашање црно или бело, има нијанси – рече таа на истата прес-конференција.