
Државјанин на Косово, кој се обидувал од аеродромот во Тирана да отпатува преку Турција во Сирија, за да им се придружи на џихадистите, е уапсен од страна на Албанската полиција, јавуваат приштинските медиуми.
Станува збор за 24-годишниот Ментор Зејнулаху, кој е уапсен на аеродромот во Тирана.
При апсењето, полицијата кај него пронашла камера и телефон со снимки од војувањата на џихадистите во Сирија, како и пораки и докази за комуникација со радикални групи, како што е Ал Нусра во Сирија
Зејнулаху, како што соопштува телевизијата „Кохавизион“, бил задолжен за регрутирање млади Албанци од Косово за војувување во Сирија