Османи: Оваа година беше историска, ги отворивме преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за ТВ21 околу отворањето на преговорите и за бугарското прашање, рече дека Бугарија нема дополнителни барања и дека се е дефинирано.

Истакна дека оваа година е историска година за Македонија.

„Не, апсолутно не, бидејќи со протоколот потпишан минатиот месец ги дефиниравме очекувањата на двете страни. Исто така во рамките на преговорите, она што е дефинирано таму. Почнавме разговори со ЕУ, по 17 години и сега почнува скрининг-процесот. Ова е историска година за нас“, рече Османи.