Седум од десет Германци трошат помалку енергија поради најголемата инфлација по повеќе децении, а половината од нив ја намалиле потрошувачката при активностите во слободното време, покажува истражување на јавното мнение.
Од април годинава уделот на Германците кои трошеле помалку енергија изнесувал 63 отсто, според анкетата на Infratest dimap за телевизиската мрежа ARD во која учествувале 1.273 граѓани.
Домаќинствата со пониски приходи најмногу ги менуваат своите навики, па така две третини од нив го намалиле дневното пазарење и потрошувачката на слободните активноста и на одморот.
Повисоките животни трошоци ги промениле и приоритетите на домаќинствата со просечни примања, па буџетот за активностите во слободно време го намалиле 50 отсто, покажува анкетата.