Германски функционер предложи капење со влажна крпа наместо со туш

Премиерот на германската сојузна земја Баден-Витемберг, Винфрид Кречман од Зелените, како дел од мерките за штедење на струјата и гасот, предлага претстојната зима да се загрева само една просторија во домот за капење наместо тушот да се користи влажна крпа или сунѓер.

„Крпите за миење се корисен изум“, изјави Кречман во петокот за весникот Südwest Presse. Според политичарот, со користење на влажните шамичиња и навлажнетите крпи за одржување на хигиена во домаќинствата може да се престане „постојано да се туширате“.

Кречман притоа истакнува дека со сопствениот пример ги покажува можностите да се заштеди што е можно повеќе енергија.

„Поседувам електричен автомобил, имам огромен соларен панел на покривот“, истакнува политичарот и додава дека „веќе четвртина век“ ја грее водата користејќи сончева енергија и во домот затоплува само една просторија.

„Уште покорисно е кога немате иста температура насекаде во вашиот дом“, додава Кречман.

Во Германија стравуваат од енергетски колапс во текот на претстојната зима поради можен целосен прекин на испораките на рускиот гас. Министерот за економија Роберт Хабек и челникот на Федералната агенција за мрежи Клаус Милер, ги повика сонародниците да ја намалат потрошувачката на електричната енергија со цел да се штеди.