Унивезитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев со синиќешното негово гостување во емисијата „Вечерашно шоу“ истакна дека руско-украинската војна ќе заврши на маса, а и западот повеќе не го посветува истото внимание како на почетокот на конфликтот.
„Во последните две три недели, она што повеќе, да не речам ме изненадува, доаѓа како повеќе или помалку очекувано во неколку текстови кои што излегоа во САД, во една анализа на Д’Хил прочитав неколку текстови во кои веќе излегуваат од онаа рамка дека Украина ќе победи, дека нема зошто да се седнува на маса, дека сите опции за седнување за разговор со Русија се надвор од оној блок којшто може да се примени за завршување на конфликтот, и неколку текстови „Луѓе чекајте, можеби е време да закочиме!“, рече Нацев
Посочи дека и оваа како и сите војни ќе заврши на маса.
„Ова и како секоја друга војна на крајот ќе заврши на маса, сега ова е билдање својата позиција за тоа е да бидеш послин кога ќе седнеш на маса“, оцени Нацев.