Утрото во саботаа околу 9,15 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И. на 58 години и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И. на 78 години, двајцата од Тетово.
На местото на несреќата, на повредите им подлегнала 54-годишната Т.В. од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала 75-годипната С.Ц. од Тетово, двете сопатнички во второто возило.
По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.