
Италијанскиот фудбалски интернационалец Алесандро дел Пјеро ќе се натпреварува во индиското првенство и потпиша за составот на Делхи Динамос.
Дел Пјеро, кој со „Аѕурите“ го освои Светското фудбалско првенство во 2006-та година, изјави дека се радува на преселбата во Азија.
Италијанецот на Интеренет се пофали дека ќе биде и амбасадор на индијската лига.
Дел Пјеро се прослави во Јувентус и за составот од Торино успеа да постигне 290 погодоци.
Во Делхи и во Индија доаѓа од Австралија, каде што беше член на составот на Сиднеј.