Шефот на кабинетот на Движењето Беса, Садат Сулејмани, ја прогласи победата на изборите за општински совет во Тетово.
„Уште еднаш го одржавме зборот, сите заедно. Ние сме 1000 гласа пред ДУИ. Им благодариме на тетовчаните што заедно го победивме режимот на тиранијата. Победивме на секое избирачко место“, рече Сулејмани.