Во последниот натпревар од третото коло на германската фудбалска Бундеслига Унион Берлин пред своите навивачи со 2:1 го совлада РБ Лајпциг.
Двајца играчи беа кобни во Берлин за гостите, и тоа за само седум минути од првото полувреме. Во 32 минута на асистенција на Шералдо Бекер резултатот го откри Теосон Зјебатче, а веќе во 38 минута двајцата само ги заменија улогите.
До крајот на мечот гостите успеаја само да намалат во 83 минута преку или Орбан, но до третото реми сезонава РБ Лајпциг не успеа да дојде. Тимот и натаму нема победа во Бундеслигата сезонава и со три бода моментално е 11-ти, додека Унион Берлин со две победи и едно реми е моментално втор, колку што има и првопласираната Борусија Менхенгладбах и третиот Мајнц.
Со фуриозен финиш буквално во продолжението од мечот Вердер направи целосен пресврт на гостувањето кај Борусија во Дортмунд и да забележи победа од 3:2.
Петнаесетина минути ги делеа „Милионерите“ од очекуваната победа, до кога имаа уверливо водство од 2:0, кое го обезбедија Јулијан Бранд во втората минута од судиското продолжение од првото полувреме и Рафаел Гвереро во 77 минута. Во 89 минута Вердер успеа да намали на 1:2 преку Ли Бухана, а потоа и да го нокаутира домаќинот со два погодока во судиското продолжение на мечот. Прво израмни Никлас Шмид во 90+2 минута, а три минути подоцна Оливер Бурке се погрижи за целосниот пресврт.
По двете победи ова е првиот пораз во новата сезона за Борусија Дортмунд која со шест бодови е седма, а за Вердер по двете ремија ова е првата победа и сега е осми со пет бодови.
Волфсбург и Шалке одиграа без голови и со две ремија и по еден пораз се на делна на 13-то место со по два бода.
Во другите три натпревара од саботната програма славеа гостите. Најубедлив беше Хофенхајм кој со 3:0 го совлада домашниот Беар Леверкузен. Гостите преку Кристоф Баумгартнер во 9 и Андреј Крамариќ во 34 минута до крајот на првиот дел имаа сигурно водство, а победата ја запечати Георгино Рутер во 78 минута.
Неочекувано ова е третиот пораз на Баер Леверкузен во првите три кола и без бодови е на последното 18-то место во Бундеслигата, додека Хофенхајм со шест бодови е во групата екипи пласирани од четвртокот до седмото место.
Мајнц во судиското продолжение дојде до трите бодови на гости кај Аугсбург, откако поведе во 31 минута преку Карим Онисиво, но домашните брзо во 35 минута израмнија преку Ермедин Демировиќ. Сепак Кореецот Ли Џае-сунг во третата минута од судиското продолжение му ја донесе победата на гостинот.
Мајнц со седум бодови е во водечкиот троец, а Аугсбург со три бода е десетти.
Борусија Менхенгладнбах од пенал кој го реализираше Алесане Плеа поведе во 34 минута против берлинска Херта, која досега има освоено само еден бод, и успеа да го зачува водството до крајот. Работата на домашните беше олеснета бидејќи гостите од 69 минута остана со играч помалку откако беше исклучен Филип Уремовиќ.