
Времето во неделата во Македонија ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 5.
Утринските температури се движат од 11 во планинските области до 20 Целзиусови степени во јужните региони. Максималната дневна температура ќе биде во интрвалот од 23 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде облачно со повремени врнежи. Утринската температура достигна до 17 стапени, а во текот на денот ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.
Во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Температурите значително ќе се намалат.