Германија ѝ испорачува на Украина доволно оружје, изјави во неделата германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со граѓаните во владата во рамките на Денот на отворени врати.
Претходно седмицава германскиот весник Welt, повикувајќи се на извори во украинската влада, објави дека во од јуни украинските дипломати постојано од германската влада да обезбеди дополнително оружје, но оти досега тие напори биле безуспешни.
Во написот беше истакнато дека германското Министерство за одбрана го оправдало одбивањето на украинските барања, нагласувајќи дека и самата германска војска има потреба од одредени количества оружје за исполнување на сојузничките обврски во НАТО. Весникот, притоа, забележа дека последен пат Шолц се заложил за „значителни“ испораки на оружје за Украина во својот говор во Бундестагот на 1-ви јуни.
„Германија и испорачува на Украина доста многу оружје. Важно е да се каже… ние сега тоа го правиме редовно… тоа е многу ефикасно вооружување“, рекол Шолц на прашањето за испораките на оружје за Киев.
Потсетил дека Германија веќе предала противвоздушни тенкови „Gepard“. Социјалдемократскиот канцелар додал и дека наскоро е планирана испорака на артилериски радар „Cobra“ и систем за противвоздушна одбрана „Iris-T“.
„Германија ќе ја помага Украина колку што е потребно.. но притоа не треба да се предизвикува ескалација на конфликтот и тоа е основниот принцип“, истакнал Шолц.
Магазинот Politico, повикувајќи се на Институтот за светска економија во Кил, кој ја одржува базата со податоци за помош на Киев Ukraine Support Tracker, наведува податоци до средината на август шесте најголеми европски земји во текот на јули првпат од почетокот на војната не му испорачале на Киев никаква воена помош.
Ксавиер Моро, експерт за геополитика при Центарот за политички и стратешки анализи (StratPol), смета дека земјите од Европската унија не ѝ испорачале во јули воена помош на Украина поради тоа што самите имаат недостиг од оружје и неможноста таа да биде наплатена.