
До почетокот на декември оваа година Еквадор ќе пушти во оптек дигитална валута. Новата валута е во фаза на подготовка и засега останува без име, но се знае дека ќе биде издадена од Централната банка, објави BBC.
Според најавите, електронските пари ќе постојат заедно со конвенционалните , а согласно законот ќе бидат поддржани преку т.н. ликвиден имот. Претставниците на Централната банка велат дека од побарувачката ќе зависи колкава количина ќе се произведе за разлика од крипто-валутите биткоин чија количина е ограничена.
На почетокот, дигиталната валута ќе може да се користи преку мобилните телефони. Ваков начин на плаќање веќе постои во Кенија и Танзанија, а идентичен софтверот за електронските пари веќе се користи во Парагвај, од страна на телефонските компании.