Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го расветлило убиството на руската новинарка Дарја Дугина, која настрада во петокот вечерта во подметната експлозија на автомобил во предградие на Москва, соопшти во понеделникот служба за односи со јавноста на руското внатрешно разузнавање.
„Утврдено е дека злосторството ги подготвиле и извршиле украинските тајни служби. Извршител е државјанката на Украина, Наталија Павловна Вовк, родена 1979 година?“, се наведува во соопштението кое го цитира агенцијата РИА.
Се прецизира дека Вовк, заедно со нејзината 12-годишна ќерка, Софија Михаиловна Шабан, пристигнала во Русија на 23-ти јули и изнајмила стан во зградата каде што живеела Дугина, за да собира информации за нејзините животни навики.
За опсервирање на целта, Вовк користела автомобил „Mini Cooper“ со кој влегла во Русија. Покрај тоа, кога влегла во Русија користела регистарска табличка на Доњецката Народна Република E982ХН DPR, во Москва користела казахстански ознаки 172AJD02 а при напуштање на Русија украинска табличка – AH7771IP.
На денот на атентатот, Вовк и нејзината ќерка присуствувале на книжевно-музичкиот фестивал „Традиција“, на кој Дугина била почесен гостин.
„По изведувањето на контролираната експлозија на автомобилот Toyota Land Cruiser Prado, со кој управувала Дугина на 21-ви август 2022-ра, Вовк заедно со ќерката заминале преки Псковската област во Естонија“, додаваат од ФСБ.
Материјалите од истрагата се пренесени во Истражниот комитет.
Претходно рускиот опозиционер Илја Пономарев на својот YouTube канал „Февруарско утро“ изјави дека зад убиството на ќерката на филозофот и „архитект“ на рускиот свет, Дарја Дугина, би можела да стои ткн Национална Републиканска Армија. Притоа, самиот Пономарев повика приклучување кон НРА и давање поддршка за оваа организација за која малку се знае во јавноста.
Во текот на истрагата, Александар Дугин рекол дека тој и неговата ќерка Дарја преку социјалните мрежи добивале смртни закани порди нивните ставови, но дека на тоа не придавале големо значење.
Во саботата вечерта, на автопатот Можајскоје во областа Одинцово во Московската област, во движење изгоре автомобил, кој, според истражните органи, го управувала новинарката и политиколог Дарја Дугина, таа починала. Според прелиминарната верзија, била активирана експлозивна поставена на автомобилот под седиштето на возачот.
Се претпоставува дека вистинската цел на атентатот бил нејзиниот татко, Александар Дугин, познат руски филозоф и публицист когона западот го сметаат за близок на рускиот претседател Владимир Путин па дури и за негов „идеолог“.