СВР-Битола информира дека во неделата во 11,45 часот во просториите на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп бил повикан 40-годишниот Н.А. од Прилеп.
На пријавениот му бил издаден прекршечен платен налог затоа што на улица „Широк сокак“ во Битола со патничко возило поминал на површина наменета за движење на пешаци.
Како што е познато, главната битолска улица „Широк Сокак“ е строго забранета зона за моторни возила и велосипеди.