За една седмица санкционирани 425 возачи на мотоцикли, осум мотоцикли одземени

Во периодот од 15.08.2022 до 21.08.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 425 возачи.

Од нив, 312 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 60 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.