Небензја: Русија ја повикува „нуклеарната петорка“ да го почитува принципот на неприфатливост на војна

Русија ги повикува земјите потписнички на изјавата дека никогаш нема да биде покрената нуклеарна војна да останат посветени на нејзиното спроведување, изјави во понеделникот Василиј Небензја, рускиот амбасадор на седмицата на Советот за безбедност при Обединетите нации.

„Ние преземавме иницијатива да го потврдиме принципот дека не може да има победници во нуклеарна војна и дека таа никогаш не треба да биде покрената, во заедничката изјава на челниците на ‘нуклеарната петорка“, која беше усвоена на 3-ти јануари годинава“, рекол Небензја во седиштето на светската организација во Њујорк.

Рускиот дипломат истакнал дека во изјавата се нагласува и потребата да се спречи не само нуклеарен судир, туку и секаква воена конфронтација меѓу нуклеарните сили.

„Исклучително е важно сите потписници на изјавата на дело да покажат дека се придржуваат до овие одредби“, додал Небензја.

Посочил и дека на Надзорната конференција за Договорот за неширење на нуклеарното оружје (Treaty on the Non-Proliferation of Nuclear Weapons или скратено Non-Proliferation Treaty, NPT) одржан адновиве период во Њујорк, западните земји ја политизираат работата над завршниот документ „да ги стават своите геополитички интереси за казнувањето на Русија над нивните колективни потреби за зајакнување на глобалната безбедност“.

„Во контекстот на фактичката саботажа од страна на колективниот Запад на глобалната безбедносна архитектура, Русија продолжува да право сѐ што е возможно да ги одржи ‘на површината’ барем своите клучни, витални елементи“, порачал рускиот амбасадор во ОН.

Небензја, исто така, рекол дека Русија е отворена за соработка на ограничувањето на трката во вооружување, но оти Западот сѐ уште не покажал интерес за тоа.

„Во принцип остануваме отворени за соработката во намалување на тензиите, запирање на трката во вооружување и минимизирање на стратешките ризици. Но за тоа треба да бидат заинтересирани и нашите западни колеги. Засега не гледаме таков интерес од нивна страна“, додал Ненебјза.