Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека водата во поплавените населени места во општина Долнени се повлекува, како и дека поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.
Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од противпожарната единица Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани.
„До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани“, соопшти ЦУК.
Поплавени се 50 куќи во село Лажани, општина Долнени, откако пороен дожд вечерва го зафати Пелагонискиот регион.
Градоначалникот на општина Долнени, Урим Ибески за МИА изјави дека повредени нема и оти причина за полавата е излевањето на Саждевска река.
„Причина е излевање на реката, која поради невремето, како и несовесната градба и отпад, поплави поголем број на куќи“, рече градоначалникот.
Информира дека има евакуирани граѓани, и тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и пријатели.
Во моментот на терен се наоѓат екипи на Центарот за управување со кризи, противпожарни возила, како и граѓани кои со трактори кои им помагаат на екипит