Подолјак: Русија би преговарала со Украина само за да се подготви за нов напад

Русија сака да стапи со Украина во нови преговори за да има време за обновување на своите воени сили и да започне нова офанзива, изјави во понеделникот за AFP советникот на украинскиот претседател Михајло Подолјак.

„Кремљ веќе со седмици сака да ја увери Украина да им пристапи на преговорите за да го замрзне судирот и да го сочува статус-квото на окупираното украинско подрачје“, изјавил Подолјак.

Според него, Русија „ги испраќа своите предлози преку разни посредници“, но не ги именувал.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој на почетокот од август се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а во петокот првпат откако започна војната допатува во посета на Украина, повеќепати изјави дека е подготвен да посредува меѓу Москва и Киев.

Украина мисли дека Москва „всушност не сака дијалог за мирот“, туку сака да добие „оперативна пауза за својата војска“ пред да почне „нова офанзива“, тврди Подолјак.

Киев не сака да преговара за својата територија која е под контрола на руските и проруските сили и сака да ја „ослободи“, како и територијата која осум години е под контрола на мнозинското руско и рускојазично население на истокот, како и на црноморскиот полуостров Крим каде со огромно мнозинство тамошното руско население по превратот во Киев во 2014 година со два референдума ја врати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина и се врати во составот на Русија од кој е изнесена во 1954 година со указ на тогашниот советски водач Никита Хришчов, етнички Украинец. Но Западот го смета за руско нелегална анексија на украинска територија.

„Сите други сценарија (…) се само опасна оперативна пауза пред новито круг на војната.. Украинците ќе пружаат отпор сѐ додека е потребно. Ова е војна за нашата опстојност и ние немаме друга можност. Да се откаже од таа борба би значело не само пропаст на украинската држава, туку и на сите нејзини цивили“, вели Подолјак.

 

Преговорите меѓу Москва и Киев започнаа неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон,

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситауцијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според неодамнешниот коментатор на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседба држава, ја призна трансфорамцијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговоарачи по средбата во Истанбул се договоерија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека (рускиот претседател Владимир) Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави на 5-ти мај весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.