
Во последниот натпревар од второто коло на италијанското фудбалско првенство во понеделникот вечерта Сампдорија и Јувентус одиграа без голови.
Јувентус со четири бодови од два натпревара е на четвртото место на табелата, додека Сампдорија дојде до првиот бод и се наоѓа на 16-то место.
Јувентус во следното коло игра против Рома која претходно во понеделникот на својот „Олимпико“ го совлада Кремонезе со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна во 65 минута Крис Смајлинг.
Ова е вториот пораз за Кремонезе кој е на 18-то место без бодови, а Рома е третопласирана со максималните шесто бодови, а пред неа поради подобрата гол разлика се Интер на второто и водечкиот Наполи.