Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски доби само десетина минути игра за Фенербахче во мечот со Адана Демирспор, но и тоа му беше доволно да постигне прекрасен гол за потврда на победата од 4:2 на својот тим.
Популарниот Фенер имаше водство од 3:0 водство по двата погодока на Енер Валенсија и обидот на Миха Зајц, но гостите се вратија во игра со головите на Белханда и Ѕјуба, пред Алиоски во 80 минута да влезе во игра и четири минути подоцна да се впише меѓу стрелците.
Ezgjan Alioski 🔥
— Tek Yol FENER (@TekYolFener) August 22, 2022