Најмалку четворица туристи загинаа во автобуска несреќа кај Мачу Пикчу

Најмалку четворица туристи загинале а уште 16 други се повредни во автобуска несреќа во Перу по посетата на древниот град Мачу Пикчу, соопштија локалните власти.

Двајца од загинатите туристи се од Колумбија, додека другите двајца сѐ уште не се официјално идентификувани, соопшти покраинската влада во Куско.

Меѓу повредените четворица се Французи, по двајца Грци, Канаѓани, Израелци Аргентинци и Перуанци и едно неидентификувано лице.

Несреќата се случила ноќта кон понеделникот, стотина километри од Куско, некогашна престолнина на древниот народ Инка, од каде туристите тргнуваат во обиколката на Мачу Пикчу.

Автобусот паднал во „амбисот длабок повеќе од сто метри“, изјавил министерот за труд и туризам Роберто Санчез, истакнувајќи дека „на местото на несреќата имало магла“. Туристите со потешки повреди со воен хеликоптер се пренесени во главниот град Лима.

Сообраќајните несреќи се чести во Перу, поради лошата патна мрежа, пребрзото возење и недоволната сигнализација. Пред три седмици 16 лица кога автобус падна во пропаст во централната покраина Хунин.

Денеска урнатините на Мачу Пукчу се една од најважните туристички локации во Јужна Америка и се на листата на светското културно наследство од 1983 година. Градот го подигнале Инките, чиешто царство се простирало на големи делови од Јужна Америка, од денешен јужен Еквадор до централно Чиле, во XV век а се состои од околу 200 згради, и се смета за едно до новите седум светски чуда.