Каземиро во Манчестер Јунајтед до 2026-та

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Каземиро потпиша договор во износ од 60 милиони евра со Манчестер Јунајтед со Манчестер Јунајтед со важност до јуни 2026 година со можност да биде продолжен уште една година, објави англискиот прволигаш.

Триесетгодишниот Каземиро од сезоната 2012/2013 играше во Реал Мадрид, каде впиша повеќе од 300 настапи и освои пет титули во Лигата на шампионите.

„Каземиро е ‘сериски победник’ и еден од најдобрите играчи од средниот ред на светот, неговиот исклучителен рекорд зборува за него. Ќе биде добро засилување благодарејќи на своето искуство, знаење и карактер“, изјави Џон Муртоу, спортскиот директор на Манчестер Јунајтед претставувајќи им го навивачите пред почетокот на дербито со Ливерпул во понеделникот вечерта/

„Можноста да тргнам во нов предизвик во Манчестер Јунајтед и во Премиер лигата е многу возбудлива. Ми претставува чест и подготвен сум да дадам сѐ од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, рече Каземиро.