Епидемијата во Кина влијаела на падот на бројот новородени и бракови

Коронавирусната болест Covid-19 придонела за падот на бројот на нови бракови и наталитетот во Кина на кои последните години влијаеле и високите трошоци за образованието и воспитувањето деца, соопшти кинеската Национален здравствен комитет.

Многу жени ги одложуваат своите планови за мажачка или да раѓаат деца, наведува комитетот, додавајќи дека брзиот економски и општествен развој довел до „длабоки промени“.

Младите луѓе кои се доселуваат во урбаните области, поголемото време посветено на образованието, како и работните опкружувања под висок притисок, ја одиграле својата улога во тоа, се додава во извештајот.

Демографите навел дека бескомпромисната кинеска политика на „нулта стапка на коронавирусот“ проследена со строго „затворање“ на општествениот живот на луѓето, можеби предизвикала длабока и трајна штета на нивната желба да се решат да имаат деца.

„Коронавирусот имаше јасно влијание на договорите за брак и за раѓање деца“, наведува комитетот.

Кинескиот Национален здравствен комитет овие изјави на агенцијата Reuters преку факс доцна ноќта во понеделникот ѝ ги испратил како одговор на прашањата за оваа тема.

Бројот на новородените деца во Кина оваа година би требало да падне на рекордно ниско ниво, предупредуваат демографите. Се прогнозира дека ќе има помалку од 10 милиони новороденчиња во споредба со ланските 10,6 милиони бебиња, што е за 11,5 отсто помалку отколку во 2020 година.

Кина минатата 2021 година имала стапка на фертилитетот од 1,16, што е една од најниските стапки на светот и под стапката од 2,1 која Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ја смета за за потребна за стабилна популација.

Кина од 1980 до 2015 година ја наметнуваше политиката на едно дете, но сега признава дека нејзината популација е на работ од потенцијална криза која ќе ја стави во искушение способноста за финансирање и нега на постарите лица.

За соочување со овој проблем, властите на национално и на покраинско ниво воведоа минатата година мерки, како што се даночни олеснувања, подолго породилно отсуство, зајакнато здравствено осигурувања, станбени субвенции и дополнителни финансиски средства за трето дете.