Започнаа Отворените забавни фудбалски школи во Гази Баба

Општина Гази Баба и Отворените забавни фудбалски школи по осми пат ја организираа спортската манифестација „Отворени забавни фудбалски школи“, која е наменета за најмладите жители на општината.

Три дена на стадионот во населеното место Трубарево, над 200 деца од општина Гази Баба на возраст од 6–12 години ќе другаруваат и ќе се забавуваат низ спортски игри.

Децата се поделени во неколку групи, а спортските активности се изведуваа под водство на обучени тренери и асистенти, предводени од спортски лидери.