Руските политичари се простија во вторникот од Дарја Дугина, убиената во атентат за кој Москва го обвинува Киев ќерка на еден од најистакнатите руски идеолози Александар Дугин, опишувајќи ја како маченичка чиешто убиство ќе ги вдахнови руските сили кои се борат во Украина.
Во среда ќе се навршат шест месеци од офанзивата што Русија ја нарекува „предизвикана и превентивна специјална воена операција“ чијашто цел е да се „спасат животите на руското и рускојазичното население“, како и да се „демилитаризира и денацизира“ Украина. Убиството на Дугина ги поттикна повиците на московската политичка елита на одмазда. Американската амбасада во Киев предупреди поради тоа на зголемена можност на руските воени напади.
Угледни политичари, колеги од медиумите и патриотските здруженија и пријатели во вторникот претпладнето минуваа крај темниот дрвен ковчег во салата на московскиот ТВ центар, за да се простат од Дарја Дугина, да положат цвеќе и да изразат сочувство на нејзините родители кои седеа близу ковчегот.
Големата црно-бела фотографија на 30-годишната жена која работеше како политички коментатори и новинар за традиционално и национално ориентираните медиуми, беше поставена на црна заднина зад нејзиниот ковчег.
Нејзиниот 60-годишен татко Алескандар Дугин, кој со децении зборува за создавање на рускиот свет и гравитирање кон Русија на сите територии во кои живеат Руси и кои биле ви минатото дел од руската држава, на ожалостените им реле дека неговата ќерка загинала за Русија.
„Ако нејзината трагична смрт потресе некого, би барала да го брани светото православие, народот и татковината. Умре за Русија, во татковината и на линијата на фронтот кој не е во Украина, туку тука“, рече Дугин водно потресен.
Константин Малофеев, близок семеен пријател и богат претприемач рече за Дугина дека била маченичка и додаде дека со нејзината смрт станало уште поважно Русија да победи во Украина.
„Луѓето кои се борат против нас не разбираат дека рускиот народ не го сочинуваат само оние кои сега се живи. Го сочинуваат оние кои живееле пред нас и коишто ќе живеат по нас. Ние ќе станеме посилно со крвта на нашите маченици. И поради прераната смрт на нашата драга сакана Даша (Дарја), ние дефинитивно ќе биде победници во оваа војна“, рече Малофеев.
Парламентарните челници на трите главни партии, исто така, зборуваа на бдеењето. За Дугина рекоа дека била патриотка и ветија дека ќе им одговорат на оние кои го наредиле и извршиле нејзиното убиство.
Леонид Слутски, челник на либералната ЛДПР, верува дека улици и плоштади ширум земјата ќе добијат име по Дарја Дугина и повика на единство.
„Една држава, еден претседател, една победа“, рече Слутски.
Беше прочитана и пораката со сочувство на проруските челници во источна Украина, додека Сергеј Миронов, претседателот на партијата Праведна Русија, повика на „уништување на режимот во Киев“.
„Победата ќе биде најубавиот споменик за Даша“, рече Миронов.