ДКСК треба да испита дали Зеќир гласа како СДСМ ќе му каже, а Спасовски му ги вработува најблиските во МВР

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Зеќир Рамчиловиќ треба да одговори дали од позиција на пратеник на СДСМ, издејствувал членови на неговото семејство да добијат две вработувања во МВР во рок од 3 години?!

Дали овие вработувања на сопругата и синот се резултат на неговото гласање за промена на името и на бугаризацијата?

Како тоа во услови на илјадници други невработени лица, токму неговата сопруга и неговиот син биле најкомпетентни за овие вработувања во МВР?

Во услови кога огромен број Бошњаци во Македонија, но и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати едвај врзуваат крај со крај, за семејството на Рамчиловиќ нема зима.

Тој добива народни пари како пратеник, а тие добиваат народни пари како нововработени во МВР. Изгледа рецептот е “Зеќир гласа како СДСМ ќе му каже, а Спасовски вработува негови најблиски“. ДКСК треба да се позанимава со овој случај и да поведе истрага. Овде постои основано сомнение за злоупотреби и влијание.