
Денес во просториите на ОУ„ Даме Груев“ во с.Куклиш, Струмица, претеникот во Собранието на Република Македонија, Славе Гошев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, донираше училишни сетови за учениците од прво и второ одделение.
Донацијата е честитка за најмладите ученици за успешна учебна година, но истовремено и помош за родителите.
Набавката на училишните сетови е обезбедена со помош на дел од стопанствениците од Струмица, а во договор со нив е направен и изборот на училиштето.
-Среќен сум што денес сме тука и што успеавме да ја реализираме нашата идеја на симболичен начин да им ја честитаме новата учебна година на најмалите ученици во училиштето и да им подариме ранци и училишен прибор. Поаѓањето на училиште и првиот училишен ден се најубавите моменти на кои се сеќаваат учениците. Верувам дека со нашата акција тие сеќавања за првоодделенците ќе бидат уште посилни, рече пратеникот Гошев во изјавата за медиумите.
Тој истакна дека раното образование е важно за развојот на личноста, а она што го вложуваме во нашите деца е најдобрата инвестиција која можеме да ја напривеме затоа што тие се наша иднина.