Мајката на Наталија Вовк, Украинката осомничена за убиството на новинарката Дарја Дугина проговори за својата ќерка. Според неа, Наталија служела во војската на Украина „за да одгледа две деца“. Претходно, руските служби ФСБ обзнанија дека Наталија била член на озлогласениот баталјон „Азов“ кој се поврзува со неонацизам.
„Знам дека замина за да одгледа две деца. Таа отиде таму во време кога беше мирно. Служеше во вооружените сили на Украина и пред војната. Таму работеше две години“, изјавила мајката за РТ.
Таа вели дека од јуни не ја видела својата ќерка и долго време не разговарала со неа на телефон. Според жената, само нејзиниот татко, Павел Вовк, одржувал контакт со нејзината ќерка.
„Таа комуницира само со нејзиниот татко. Немам никаква преписка со неа, не сме разговарале долго време,“ изјави таа во интервју за новинарите – пренесува РЕН ТВ .
Последен пат се виделе, според зборовите на нејзината мајка, во мај или јуни, откако Наталија се вратила од странство во Мариупол. За инцидентот дознала од телевизија и била „многу шокирана“.
Таткото на Наталија рече дека таа навистина еднаш служела во вооружените сили на Украина, но по шест месеци служба, таа почнала да има здравствени проблеми. Била оперирана, по што била префрлена во централата да работи како телефонски оператор.
Тогаш Наталија дала отказ, добивајќи солидна отштета од 400.000 гривни.