Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата се стабилизираа над 100 долари, балансирајќи меѓу произведувачите дека на пазарот би можеле да испорачуваат помалку барели и очекуваниот фокус на централните банки за зауздување на инфлацијата, што би ја закочила економијата.
На лондонскиот пазар цената на барелот со рокови со испораки во октомври била речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 100,32 долари. Значителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде што со барелот се тргуваше по 93,90 долари.
Во одвоениот извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска објави дека барелот кошница референта нафта не нејзините членки во вторникот чинел 101,93 долари, што значи дека поскапел за 3,21 долар.
Цените на лондонскиот и на американскиот пазар во вторникот пораснаа откако саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман навести можност за намалување на производството.
Извори во OPEC подоцна за Reuters рекле дека намалувањето би одело заедно со враќањето на пазарот на иранската нафта, доколку Техеран и Вашингтон постигнат договор за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Претходно во понеделникот од САД изјавија дека Иран наводно се откажал од некои свои барања, но од Техеран тоа не го потврдија, додека ЕУ објави дека Вашингтон сѐ уште не одговориле на нејзиниот предлог кој го прифатиле другите потписници на нуклеарниот договор.
OPEC и нивните сојузници независни производители предводени од Русија во ткн OPEC+ во моментов произведуваат 2,9 милиони барели нафта дневно, помалку од тоа што го зацртаа, тврдат извори, што ја комплицира евентуалната одлука за кастрења и формулата за пресметка на вредноста во однос на којашто производството би се намалувало.
„Цената на нафтата и изгледите за снабдувањето упатуваат на заклучокот дека во моментов не би било мудро OPEC+ да го намали производство. Глобалното снабдување со нафта би можело да претрпи удар во пресрет на врвот на сезоната на ураганите во САД. Не треба да се пренабрегне ниту можноста од прекин во снабдувањето од Либија, а нема сигнали ниту за подобрување на ситуацијата со нафта во Нигерија“, вели за Reuters Стефен Бенорк од PVM.
Посредникот во трговијата со суровини, компанијата „Marex“ ја истакна и силната побарувачка поради обновувањето на резервите во пресрет на зимата и преминот на индустријата од гасот, кој значително поскапе, на нафтата.
Поддршката на цените им даде и падот на резервите од сирова нафта во САД минатата седмица за околу 5,6 милиони барели, според наводите на пазарните извори кои се повикуваат на податокот од Американскиот институт за нафта (API). Аналитичарите во анкетата на Reuters во просек очекувале пад од 900.000 барели.
Расположението на нафтениот пазар, пак, го придушија очекувањата дека финансиските челници на неформалниот собир во американски Џексон Хол кон крајот на седмицата ќе бидат фокусирани на зауздување на инфлацијата со подигнување на клучните каматни стапки, што би можело да ги ослабат економскиот раст и побарувачката на нафта.