
Фудбалерот на шпански Реал Сосиедад и шведски репрезентативец Александер Исак кариерата ќе ја продолжи во англиски Њукасл, пренесуваат островските медиуми во средата.
Двата клуба се договориле отштетата за шведскиот напаѓал да изнесува 70 милиони евра плус 5 милиони евра преку бонуси, што е рекорден износ во историјата на Њукасл, клуб чијашто сопственост ја презема богат саудиски фонд.
Дваесет идвегодишниот Исак е еден од најперспективните европски напаѓачи. Во Реал Сосиедад дојде во 2019 година од германска Борусија Дортмунд. Со шпанскиот клуб имаше договор до јуни 2024 година, а Швеѓанецот за Баските одигра 132 натпревари во кои постигна 44 погодоци, последниот во неделата за израмнување на 1:1 против Барселона во поразот од 1:4.
За шведската репрезентација Исак настапи на 37 натпревари на кои постигна девет погодоци.