![dozd-2-960x640](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/dozd-2-960x640.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Најмногу дожд во изминатото деномоќие наврнал во Тополчани 35 литри на метар квадратен, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. УВ=5
Во Скопје променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Максималната температура ќе достигне 30 степени.