![Леао](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/Leao.jpg?resize=696%2C497&ssl=1)
Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао би можел да ја продолжи кариерата во Англија.
Според „Газета дело спорт“, Челзи е заинтересиран за потписот на 23-годишниот Португалец и е подготвен да плати околу 120 милиони евра.
Актуелниот договор на Леао со Милан е до 2024 година.
Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 70 милиони евра.
Португалецот игра за Милан од август 2019 година. На 117 натпревари постигна 27 гола и 21 асистенција.