Ковачевски: Поскапувањето на струјата за граѓаните да биде најниско што е можно

Кризната состојба се носи за полесно да се надминат предизвиците,вели директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски во вечерашното гостување во „Жешко политичко лето“.

„Сега е потребна, да се подготвивме, за да можеме да ги примиме сите енегртски удари и успешно да се подготвиме“, рече Ковачевски.

Потецира дека е битно граѓаните да имаат струја, појаснувајќи дека „рестрикциите не се опција“.

„Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас секаде во Европа. Но, кажав јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки“, појасни тој Ковачевски.