
Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7.
Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 21 степен, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 26 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на попладневните часови можни се врнежи.
Утринската темература достигна 18 степени, а дневната ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.