Украинската војска гo уништила и последниот далновод од нуклеарката Запорожје, обвинуваат од Енергодар

Украинските вооружени сили го прекинаа последниот. четврти далновод од нуклеарната централа Запорожје, и во моментов нема можност за снабдување со електрична енергија, соопштија во петокот претставниците на привремената проруска администрација на јужниот украински град Енергодар.

Во моментов во прекин е снабдувањето со електрична енергија од нуклеарната централа Запорожје во моментов, извести денеска Владимир Рогов член на Главниот совет на воено-цивилната управа на јужниот украински регион формирана откако падна под контрола на сепаратистичките проруски и единиците на руската војска.

Според Рогов, поради гранатирањата врз Енергодар, во моментов се прекинати сите четири линии за снабдување со електрична енергија од нуклеарната централа Запорожје кон остатокот на Украина.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија на територијата на регионите Запорожје и Херсон настанаа во четвртокот по кусиот спој во мрежата предизвикано од гранатирањето на украинските сили кои предизвикаа и пожари кај Енергодар и на територијата на самата централа поради што безбедносно се исклучија и двата преостанати во функција реактора, соопштија вчера новоспоставените проруски власти во регионот кој го контролираат од почетокот на март. Подоцна беше објавено дека е обновено снабдувањето со електрична енергија.

Последните седмици Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери. Малку е веројатно дека руската војска би ги гранатирала сопствените позиции, бидејќи ја има контролата врз централата уште од почетокот на март. Во гранатирањето веќе е оштетена високонапонската врска на трафостаницата Каховскаја, по што мораше да се намали капацитетот на две енергетски единици.

Поради гранатирањата расте страв дека е можна нуклеарна катастрофа како онаа во украински Чернобил во 1986 година. Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти во петокот дека руските сили наводно планираат да ги исклучат функционалните енергетски блокови во централната и да го исклучат од украинската електрична мрежа, што е опасен процес. Според нив, исклучувањето на сложените генератори од украинската мрежа би оневозможило да бидат користени за ладење на нуклеарното гориво во случај на прекин на струјата во нуклеарката,

Исклучување на нуклеарна централа е комплициран процес во кој треба да се запре нуклеарна верижна реакција и да се спречи нуклеарното гориво да се загрее и предизвика тлеење на јадрото на реакторот.