Економијата колабрира и СДС ги ништи социјалните темели на државата

Изјава на Јован Крајевски од Левица, координатор на Секторот за политичка економија:

“Пробугарскиот СДС нема намера да победи на наредните избори. Затоа, Владата нема да ги задоволи потребите на обичните гласачи, и нема да презема никакви мерки да ги ублажи последиците од економската криза. Во Македонија, според официјалните информации добиени од Државниот завод за статистика и Министерството за финансии, имаме ситуација на инфлацијата од 16%, храна поскапа за најмалку 17.6%, домувањето, во кое спаѓаат сметките, е покачено за 8.6%, додека транспортот е покачен за вртоглави 25.8%.

На сето ова СДС не нуди одговор. Тие протоколарно известуваат за порастот на прсечната плата од 10.9%, а при волкави поскапувања тоа не е позитивно. Средната плата, се разбира, и оваа власт одбива да ја прикажува. Истовремено, гигантите во Македонската економија остваруваат енормни профити. Најпрофитабилните 100 компании имаат пријавено профит од над 700 милиони евра. Профитот на банките пораснал за 35.8%. Трите најголеми банки – НЛБ, Стопанска и Комерцијална, во 6 месеци веќе имаат направено преку 70 милиони евра профит – профит на ваш грб, од ваши кредити.

Тие нема да ги оданочат банките, ниту олигархијата. Социјал-демократите не покажуваат никаква намера да воведат мерки против лихво-банкарстовто. Единствено заговараат за полнење на буџетот, и тоа секогаш почнувајќи одоздоле нагоре, оставајќи го профитот на олигархијата непипнат.”