По пауза од една година, поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски, кој ја однесе македонската репрезентација на Европско првенство, повторно се враќа на тренерската работа.
Македонскиот стратег се поврзуваше со повеќе клубови, но на крајот заврши во Горица.
„Игор Ангеловски е нов тренер на ХНК Горица. Македонскиот стратег потпиша договор со нашиот клуб до летото 2024 година“, наведено е во соопштението на хрватскиот клуб.
По шест одиграни кола, Горица се наоѓа на претпоследното место на табелата во хрватската лига со освоени пет бода.