Германските складишта за гас наполнети близу 85 отсто

Складиштата за гас во Германија се полнат малку побрзо отколку што владата тоа го припиша и сега се наполнети 85 отсто, покажуваат податоците на регулаторот за енергија.

Минатиот четврток нивото на гас во складиштата изнесувала 81,78 отсто, според седмичниот извештај на регулаторот, а до петокот требало да пораснат на 82,2 отсто. Владата пропиша дека до 1-ви септември складиштата мора да бидат наполнети 75 отсто, до 1-ви октомври 85 отсто а до 1-ви ноември 95 отсто.

„Складиштата се полнат побрзо отколку што се очекуваше“, изјавил министерот за Роберт Хабек во изјава за неделникот Der Spiegel.

Властите очекуваат дека уште на почетокот на септември ќе биде достигнато нивото пропишано за 1-ви октомври.

Полните германски складишта се доволни за околу 256 терават часови, што е околу четвртина од германската годишна потрошувачка, наведува индустриското здружение INES.

Германија најголемиот дел од своите потребни од гас ги задоволува со увозот од Русија, но поради војната во Украина заедно со САД и другите западни сојузници воведе санкции против Москва и најави дека ќе ја намали зависноста од руските енергенси, замрзнувајќи го отворањето на гасоводот Северен тек 2 кој требаше да ги удвои испораките на евтиниот руски гас во Европа.

Од јули рускиот гасен концерн „Газпром“ го намали снабдувањето со гас во Германија на 20 отсто од вкупниот капацитет наведувајќи го редовниот годишен ремонт на гасоводот Северен тек 1, во моментов единствениот правец за испораки во Европа. Дополнителни проблеми предизвикаа и украинското затворање на важната транзитна станица на јужниот крак на гасоводот Јамал-Европа, и канадската блокада на преостанатите шест гасни турбини за Северен тек 1.

Германија се обидува да изнајде нови правци на снабдување со гас, кое секако ќе биде по повисоки цени, а според Хабел веќе за многу била намалена зависноста од испораките од Русија. Така, според него, во август рускиот гас сочинувал само 9 отсто од германската потрошувачка.

Меѓутоа, толку нискиот удел на рускиот гас делумно е постигнат и благодарејќи на вообичаено ниската потрошувачка во август, напомнува новинската агенција DPA.