Продолжува штрајкот на косовските јавни служби

Синдикатот на независните синдикати на Косово повторно во понеделникот ја повика владата во Приштина да размисли за спроведувањето на нивните барања, со цел да го прекинат штрајкот што почна во четвртокот на 25-ти август.

Штрајкуваат вработените во јавниот сектор: наставниците, воспитувачките во државните градинки, државните службеници во локалните и централните институции на Косово. Штрајкувачите бараат покачување на платата од 100 евра до стапување на сила на новиот закон за плати.

Од Синдикатот велат дека се исклучително заинтересирани за преговори со владини претставници и ја повикуваат владата да размисли како да се најде решение прифатливо за двете страни.

Во спротивно, штрајкот нема да биде прекинат и учениците нема да ја започнат новата учебна година в четврток на 1-ви септември.