Азиските берзи го следат падот на Волстрит, доларот попушти – благ пад на нафтата

На повеќето азиски берзи во вторникот паднаа цените на акциите, како и на њујоршки Волстрит, бидејќи вложувачите не се расположени на поризични инвестирања, имајќи предвид дека централните банки ги зголемуваат каматните стапки, додека забавува економскиот раст.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, во раното утринско тргување денеска беше во минус од 0,4 отсто, откако во понеделникот падна за речиси 2 отсто.

Утрово на Токиската берза индексот Nikkei порасна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја зајакнаа меѓу 05, и 1 отсто. Во Шангај и Хонгконг, пак, паднаа за 0,6 односно 0,9 отсто. Неколку берзи во регионот пораснаа во вторникот, но тоа е главно последица од корекциите на цените на акциите по вчерашниот остра пад.

Вложувачите се претпазливи бидејќи нема многу причини за купување акции, имајќи предвид дека централните банки поради високата инфлација ги подигнуваат каматните стапки.

Така повеќето берзи во светот го следат вчерашниот пад на берзанските индекси на Волстрит, каде по падот од повеќе од 3 отсто во петокот, вчера индексите дополнително ослабеа.

Тоа е последица на острата реторика на претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел, за инфлацијата и каматните стапки, кој во петокот на конференцијата на централните банкари во Џексон Хол порача дека извесно време ќе биде потребна остра монетарна политика за да се стави под контрола инфлацијата која е на највисокото ниво по повеќе од 40 години.

 

На валутниот пазар во вторникот во раното претпладневно тргување вредноста на доларот се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,85 поени, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето достигна 109,48 бодови што беше највисокото ниво во последните две децении.

Утрово курсот на доларот кон јапонската валута се движи околу 138,60 јени, како и вчера во истиот период.

Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9987 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 0,9929 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 68 центи, на 104,40 долари, додека на американскиот пазар со барелот се тргуваше за 30 центи помалку на 96,68 долари.